За нас

Милсон дооел е компанија со долгогодишно искуство, основана е во 1992 година.
На почетокот од нејзиното основање, оваа компанија се занимаваше со конструктивна столарија, но подоцна, на барање на пазарот, се насочи кон конструирање на собни врати. Една од главните карактеристики на оваа компанија е тоа што изработува врати во согласност со стандардите на ЕУ и допринесува истите да бидат со врвен квалитет. Целата механизација е збогатена со CNC машини кои помагаат во нивната изработка.

За да се задоволат вкусовите и потребите на клиентите, оваа компанија увезува RW-материјали кои совршено се комбинираат со богатото искуство на стручниот кадар кој ги изработува самите врати.
Еден новитет кој оваа компанија го нуди е производството на PVC врати обложени со фолија. Собните врати на Милсон се понудени на домашниот пазар со цел да се развијат и понудат и на странските пазари.

Производите на Милсон се позитивно оценети од еминентни дизајнери, архитекти, задоволни клиенти и компани, кои ја рангираат оваа компанија меѓу врвните компании за изработка на врати во оваа земја.

Контакт

Мапа

        „бул. Борис Трајковски“ ББ, Скопје        телефон: +389 02 27 28 636